Заради поттикнување и забрзување на процесот на уредување на просторот, Владата на Република Македонија донесува Годишна програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови

Врз основа на член 22став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Министерот на Министерството за транспорт и врски распишува

   

Ј А В Е Н  П О В И К

за доставување на предлози за изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации

  Заради поттикнување и забрзување на процесот на уредување на просторот, Владата на Република Македонија донесува Годишна програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации на предлог на Министерството за транспорт и врски.

  Се известуваат општините, општините во градот Скопје и Градот Скопједека се објавува Јавен повик за доставување на предлози за изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации за 2017 година.

·  Јавниот повик ќе трае од 01.03.2017 година до 01.04.2017 година, во кој рок ќе можат да се достават предлозите за изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации. Предлозите кои нема да бидат поднесени во текот на јавниот повик нема да бидат предмет на разгледување.

·  Јавниот повик ќе биде објавен на информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Министерството за транспорт и врски на следната адреса www.mtc.gov.mk(какои во два печатени медиуми).

·  Општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје предлозите за изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации и урбанистичко-проектни документации можат во текот на јавниот повик да ги доставуваат до Министерството за транспорт и врски во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

·   Изработката на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации утврдени во Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации за 2017 година се врши од страна на Агенцијата за планирање на просторот.

·  Изработката на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации утврдени во Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации за 2017 година се финансира од Буџетот на Република Македонија. По исклучок на погоре наведеното, изработката на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации може да се финансира и од Буџетот на општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје, како и од страна на заинтересирани правни и физички лица.

  Министер за транспорт и врски

  Владо Мисајловски