Министерството за транспорт и врски водејќи се од начелото на транспарентност и отчетност, а следејќи го заклуокот на Владата на Република Македонија од 34 –та седница, на својата веб страна објави документи, информации и податоци кои се достапни за целокупната јавност.

На интернет страната на Министерството за транспорт и врски за прв пат може да се пронајдат информации за Буџетот на министерството, извештаи за реализација на Буџетот, ревизорските извештаи, стратешкиот план на министерството, правилниците за систематизација на работните места и за внатрешна организација, список на вработени лица со контакт информации. Исто така за прв пат на јавноста и се достапни и информации за планот за јавни набавки за тековната година, информации кои се однесуваат на заштита на укажувачи, овластено лице за заштитено внатрешно пријавување, офицерот за заштита на лични податоци, како и листата на информации од јавен карактер и лицата за контакт за оставрување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Покрај наведените документи,  на веб страната на Министерството за транспорт и врски се достапни и консолидирани текстови на закони и подзаконски акти, обрасци кои ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерството за остварување на нивните права и обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, листа на регистри и контакт од министерството. Исто така јавно се достапни и биографиите на Министерот и Заменик Министерот. За реализираните активности како и за планираните активности на Mинистерството,  граѓаните може да се запознаат преку објавите на веб страната www.mtc.gov.mk на Министерството за транспорт и врски.

Листа_на_документи.pdf