Ве известуваме дека почнувајќи од понеделник 24 Декември, Министерството за транспорт и врски ќе отпочне со издавање на ЕКМТ дозволите. За таа цел во прилог е список на транспортери на кои им се доделени ЕКМТ дозволи. Со цел да се обезбеди непречено функционирање на процесот за издавање на дозволите, се упатуваат превозниците да го запазат следниот редослед на издавање:

-Понеделник од 09:00 часот до 15:30 часот, превозниците од реден број 1 до реден број 60;

-Вторник од 09:00 часот до 15:30 часот, превозниците од реден број 61 до реден број 120;

-Среда од 09:00 часот до 15:30 часот, превозниците од реден број 121 до реден број 180;

-Четврток од 09:00 часот до 15:30 часот, превозниците од реден број 181 до реден број 228.

При подигањето на ЕКМТ дозволите, потребно е со себе да носите уплатница од 6000 мкд/по дозвола и латиничен печат, како и овластување доколку не се подигаат дозволите од страна на управителот.

Листа на транспортери: Список_на_транспортери_за_подигање_на_ЕКМТ.xlsx