За да им овозможиме на нашите граѓани на најбрз и најлесен начин да патуваат и безбедно да пристигнат на своите дестинации, почнавме изградба на над 200 км регионални патишта и 200 поединечни локални патишта.

Ја завршивме обиколницата на Скопје. Се изгради трета лента на патот за Прилеп, а во соработка со НАТО обновивме 50 моста на Коридорот 10. Во 2009 година го почнавме проектот за концесија на патиштата.

 

Видео





Граѓаните имаат право на воздушен сообраќај на светско ниво.

Затоа во 2010 година го започнавме проектот за модернизација на аеродромскиот систем, со кој ќе се реконструираат и модернизираат аеродромите "Александар Велики" во Скопје, "Св..Апостол Павле" во Охрид и карго-аеродромот во Штип.

Проектот вклучува изградба на нови објекти, реконструкција на постојните објекти и писти, изградба на паркинзи, набавка на нова опрема.

Видео





Состојбата во железницата се подобрува, се отвара можност за подобар превоз низ територијата на нашата држава.

Изработивме план за изградба, реконструкција, модернизација, ремонт и одржување на железничката структура, склучивме договори за набавка на нови 36 товарни плато-вагони, работиме на развојот на двата паневропски коридора кои ги претставуваат главните траси за развој.

 

Видео





Конкуренцијата во мобилната телефонија, која ја овозможивме од 2006 година, придонесе да се намалат цените за повеќе од 70 проценти и да се воведат нови комуникациски услуги.

Од 1% во 2006 година, бројот на домаќинствата што користат широкопојасен интернет денес порасна на над 40%, со што Македонија стана еден од лидерите во регионот.

 

 

 

Видео





Долгогодишното прашање за гасификација на Република Македонија почна да се решава.

Приоритетни магистрални правци за изградба на гасната инфраструктура ќе бидат правецот Клечовце – Битола, и правецот Скопје – Тетово – Гостивар.

Овој енергент ќе ги намали трошоците за семејствата и ќе помогне во зачувувањето на животната средина.

 

Видео





Во изминатите 4 години се распределени 180 стана наменети за лица со ниски примања, а изградени се вкупно 339 социјални стана.

Во следниот период е предвидена изградба на уште 1.414 социјални стана.

Урбаниот живот ќе стане подинамичен со проектите за изградба на жичница до Милениумскиот крст, изработка на студија за сообраќајниот систем на град Скопје и проектот за целосна изградба на Националната арена "Филип Втори".

Видео