Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска присуствуваше на 17–от Симпозиум на Градежни конструктори.

Во своето обраќање тој истакна за значењето на градежништвото како стопанска гранка која учествува во домашната економија.

Министерот Сугарески потенцираше дека Република Македонија се наоѓа во фаза во која се неопходни  суштински реформи во материјата што го регулира градежниот сектор се со цел да се воведе високо ниво на професионалност и стандардизација на прописите и нормите во градежниот сектор.  

“Сите сме исправени пред задачата повторно да го воспоставиме посакуваниот поредок во областа на просторниот развој, да ја прилагодиме легислативата на новите предизвици на времето, да изработиме и донесеме современи Закони и подзаконски акти што ќе бидат поедноставни, поефикасни за спроведување, кои од една страна ќе обезбедат просторен развој и инвестиции, и од друга страна, транспарентност и правичност во развојот.

Само на тој начин ќе ги заштитиме општите добра и интересите на граѓаните. Политиката што ја води Владата на Република Македонија во делот на градежното земјиште и урбанизмот во следниот период ќе ги претрпи неопходните промени со кои сметаме дека дополнително ќе ги олесниме процедурите за работа на сите субјекти во оваа дејност, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот потенцираше дека Владата формира работно тело од претставници од сите државни институции поврзани со оваа дејност, претставници од Коморите, претставници од Институтите, Факултетите, здрженијата и невладиниот сектор кои во следниот период ќе пристапат кон целосна анализа на досегашните закони и кое тело ќе направи сеопфатна проверка на материјата и ќе се утврди точно во кои насоки ќе се спроведуваат реформите во градежната дејност.

Како што спомна пред присутните целта е за да создаде нова функционлана легислатива применлива и приспособлива на новите потреби и стандарди во дејноста градежништво.

На присутните, министерот им го честиташе и Јубилејот 40 години од постоење на Друштвото на градежни конструктори на Македонија.