Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта денеска оставрија работна посета на општина Могила и Новаци.

Нa средбата со градоначалниците на двете општини се разговараше за капиталните проекти што се реализираат во општините како со поддршка од централната власт, така и проектите што ги реализираат самите општини.

Министерот Сугарески информираше дека Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локални патишта во општините.

Исто така министерот ги информираше градоначалниците дека ќе се обезбедат преку 100 милиони евра за сите општини за подобрување на водоводните и канализационите мрежи.

“ Затоа е многу важно општините за започнат да подготвуваат проекти и со готови проекти да аплицираат до Министерството за да може навремено да се користат сите финансиски средства. Оваа финансиска помош ќе биде од огромно значење за општините,  особено за сите граѓани, бидејќи тоа е предуслов за подобрување на животот во населените места”, изјави Сугарески

Во рамки на постата, извршија и увид во реконструкција на регионалниот пат Новаци-Битола, инвестиција од 1 милион евра, средства обезбедени од буџетот на ЈПДП.