Оваа година во Република Македонија ќе се изградат рекорден број на патишта. Ќе продолжиме со изградба на новите автопати ќе започнеме реконструкција на неколку нови автопатски делници, ќе отпочнат со изградба три нови експресни патишта и реконструкција на преку 40 регионални патиштa, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на денешната прес конференција.

Во продолжение интегрален текст од говорот на министерот Мисајловски.

Денеска на оваа прес конференција заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта ќе дадеме преглед што оваа година ќе се гради и што ќе се реконструира во делот на патната инфраструктура.

2017 година ќе биде година во која ќе започнеме со изградба и реконструкција на рекорден број на патишта до сега. Со истото темпо продолжуваме со изградба и реконструкција на преку 200 километри автопатска мрежа во Република Македонија. Годинава дополнително ќе отпочнеме со реконструкција на две нови автопатски делници.

Исто така, оваа година ќе започнеме со изградба на 3 нови експресни патишта во должина од над 100 километри и инвестиција од околу 250 милиони евра.

Во делот на регионалната мрежа, во моментов се работи на 4 регионални патишта а ќе започнеме со изградба и реконструкција на 37 регионални патишта, инвестиција од преку 55 милиони евра.

Во тек е изградбата на новиот автопат Демир Капија – Смоквица кој што ќе го завршиме оваа година,  потоа автопатот од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид кои што очекуваме да се завршат во 2018 година. Во тек е реконструкцијата на автопатите од Смоквица до Гевгелија и од Куманово до Миладиновци, овие ќе бидат завршени оваа година, а делницата од Неготино до Демир Капија која што почна да се реконструира минатата година ќе биде готова во 2018 година.

Оваа година ќе започнеме и со реконструкција и на автопатот од Велес до Градско во должина од 20 км и од Скопје до Куманово во должина од 22 километри и инвестиција од речиси 7,8 милиони евра преку ИПА програмата. 

Во тек на проектирање се два нови автопати од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце.

Во делот на експресните патишта планираме изградба на три нови експресни патишта и тоа од Штип до Кочани  кој ќе започне со градба на почетокот на градежната сезона, потоа од Штип до Радовиш и од Ранковце до Крива Паланка кои ќе отпочнат во првиот квартал на оваа година.

Знаете дека во тек е изградба на првата фаза од експресниот пат од Градско до Прилеп, а годинава ќе започнеме со изградба на втората фаза од Градско до Дреново, за третата фаза од Тројаци до Прилеп ќе распишеме тендер за градба.  

Исто така ќе распишеме и тендер за проектирање за изградба на експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија, граничниот премин како и влезовите во Битола.

Во однос на регионалните патишта годинава ќе се реконструираат вкупно 37 регионални патишта вклучувајќи ги и тие преку програмата на Македонија пат и тоа:

-  Гостивар – Кичево инвестиција од 4 милиони евра

-  Скопје – Македонски Брод,  делница Близанско – Калуѓерец, инвестиција од 1, 6 милиони евра.

-  Сопиште – Говрлево, вредност 525 илјади евра,

-  Доизградба на регионален пат во Вевчани, вредност 330 илјади евра.

За овие патишта Јавното претпријатие за државни патишта веќе има потпишан договор и се очекува да се подобрат временските услови за компаниите да отпочнат со работа.

Потоа ќе се реконструираат:

-  Припор – Сопиште, проценета вредност 800 илјади евра

-  Пробиштип – Крупиште, проценета вредност 4, 8 милиони евра

-  Неготино – Кавадарци, проценета вредност 1 милион евра

-  Младо Нагоричане – Кокино – Пелинце, проценета вредност 2, 5 милиони евра

-  Куманово – Свети Николе, проценета вредност вредност 3, 5 милиони евра

-  Берово – Виница, процента вредност 700 илјади евра

-  Делчево – Орешани – Таор, проценета вредност 700 илјади евра

Во рамките на неколку годишната програма за одржување на патишта преку Македонија пат, за 2017 година предвидовме реконструкција на 26 регионални патишта во должина од 47 километри и инвестиција од околу 4 милиони евра, и тоа:

-  Регионален пат за Чучер Сандево

-  Струмица – Попчево – Белотино – Рич

-  Виница – Бигла

-  Карбинци – Зрновци – Виница

-  Чашка – Богомила

-  Гевгелија – Прдејци – Смоквица

-  Прилеп (Кадино Село) – Боротино

-  Бороец – Јабланица

-  Струга – Дрслајца – Биџова – Татеши

-  Рапеш – Старавина

-  Кременица – Скочивир

-  Прилеп – Тополчани – Битола

-  Гостивар – Србиново

-  Кичево – Осломеј – Туин

-  Ресен – Царев Двор

-  Ботун – Белчишта – Велмеј

-  Градско – Дреново

-  Росоман – Кавадарци

-  Нов Дојран – Фурка

-  Ангелци – Општина Василево

-  Соколарци – Пишица – Чешиново Облешево

-  Тетово – Пирок - Гостивар

-  Сарај – Групчин – Тетово

-  Кондово – Радуша

-  Ранковце – Ветуница – Крилатица

-  Лешок – Сиричино – Јегуновце

И на крај би сакал да завршам дека и оваа година ќе продолжиме со реконструкција на 47 – те улици што беа уништени во поплавите минатата година.

За одржување на патната инфраструктура за годинава се планирани милијарда и шеесет милиони денари со програмите на Јавното претпријатие за државни патишта и на ЈП „Македонија пат“, рече директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов. Се планира, наведе, рехабилитација на најоштетените делници, односно возните ленти на патиштата Петровец – Миладиновци, дел од клучка Петровец, дел од патот Петровец – Хиподром, Сарај – Групчин и Богородица – Гевгелија.

Годинава ќе се работи и на изградба на мост на река Пчиња кај Коњаре, ќе се санира мостот на река Коселска, на река Пчиња, Луда Мара, изградба на мост Бабуна, санација на мостот на Вардар кај Удово, на Лакавица кај Неготино,...

Со Програмата за подобрување на безбедноста на сообраќајот на Јавното претпријатие се планира да се изврши осветлување на делницата А2 на Коридорот 8 од Скопје – Гостивар, на делницата од Сарај до Матка ќе се осветли клучката Брвеница, Боговиње, Камењане и Врапчиште. На делницата А1 Велес – Скопје ќе се осветлат клучките Велес – Југ, Отовица, како и мостовите пред и по Отовица. Кај регионалните патишта треба да се осветлат клучките Другово, Пехчево, Свети Николе, Овче Поле,... Потпишан е договор и за делницата Хиподром – Миладиновци каде се планира осветлување на клучки Белви и Илинден, како и осветлување на делницата Хиподром – Петровец. За подобрување на безбедноста во сообраќајот, најави Стојанов, ќе се постави комплетно нова сигнализација од планинскиот превој Буково до Охрид, како и од Дреново до Прилеп, а при крај е поставувањето нова опрема на Коридорот 10.