
| Последни новости и информации |
Општина Петровец од денеска самостојно управува со државното градежно неизградено земјиште, кое ќе може го продава преку електронски јавни наддавања. Надлежностите за менаџирањето со земјиштето од Министерството за транспорт и врски на градоначалникот на Општина Петровец му ги пренесе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при посета на општината. |
|
Ве информираме дека утре (среда, 01 февруари 2012 година), Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе оствари работна посета на општина Петровец.
повеќе... |
|
Ве информираме дека е укината патната такса за влез и за транзитирање низ територијата на Република Србија која важеше за македонските превозници.
повеќе... |
|
Состојбата со водоснабдувањето во Прилеп е заради намалување на издашноста на изворот Студенчица. Со обилните врнежи на снег и дожд од вчера почна да се подобрува, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески одговарајќи на прашање на пратеникот Горан Сугаревски од СДСМ за решавање на проблемот.
повеќе... |
|
Ве информираме дека Државниот инспекторат за транспорт, како орган во рамките на Министерството за транспорт и врски, во текот на месеците ноември и декември 2011 година изврши 974 инспекциски надзори и од истите се преземени соодветни мерки за констатираните отстапувања од законската регулатива, согласно овластувањата кои произлегуваат од Законот за превоз во патниот сообраќај.
повеќе... |
|
Градежно неизградено земјиште во Нов Дојран со вкупна површина од 6.701 метри квадратни, сопственост на Република Македонија утврдено со Деталниот урбанистички план од 1977 година донесен од тогашното Собрание на Општина Гевгелија, а наменето за изградба на виќенд куќи, огласено е на продажба по пат на јавна лицитација.
повеќе... |
|
Ве информираме дека во месец декември 2011 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2010 година. Имено, во овој месец од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 63.925 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 54.678 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници за 16,9%.
повеќе... |
|
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески претпладнето заедно со градоначалникот Ристески го пуштија во употреба локалниот патен правец до прилепското село Штавица.
повеќе... |
|
Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески утре (четврток, 19. јануари 2012 година) во 10.00 часот ќе присуствува на пуштање во употреба на патот до населеното место Штавица во општина Прилеп кој се реализира во рамките на проектот за изградба на локални патишта во општините во Република Македонија во соработка со Светска банка.
повеќе... |
|
Со донација од НАТО во вредност од 8,6 милиони евра во наредниот период ќе се реконструираат мостови и патната инфраструктура во земјава. Ќе бидат опфатени минимум 13 мостови. Проектите ќе се изработуваат оваа година, а изградбата наредната година.
повеќе... |









