Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за доставување на барања за доделување на  финансиска поддршка на авиокомпании. 

 Финансиската поддршка се однесува за период од 2019-2021 година за воспоставување на нови линии од “Меѓународен aеродром Скопје” и аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид.

Сите заинтересирани компании ќе можат да достават барање за финансиска поддршка до министерството за транспорт и врски  најдоцна до 12. 10. 2018 година до 12 часот,  кога ќе се оддржи и јавното отворање.

Јавниот повик е објавен во домашни и меѓународни гласила, како и на веб страната на министерството за транспорт и врски.

Нашата цел како е да обезбедиме континуиран раст на авиосообраќајот во Република Македонија, а за граѓаните да овозможиме нови дестинации до Европа и светот. 

http://mtc.gov.mk/javen-povik-za-dostavuvanje-na-baranje-za-dodeluvanje-na-finansiska-poddrshka-za-aviokompanii