Mинистерството за транспорт и врски  започна со реализација на проектот за подобрување на водоводната и канализациона мрежа во општините во Република Македонија.

Во насока на подигнување на квалитетот на комуналната инфраструктура, министерството за транспорт и врски распиша 8 ( осум) јавни повици за изгрaдба на:

-  Водоводна мрежа со реконструкција на дел од постојаната водовoдна мрежа во н.м Студеничани со проценета вредност од 1 430 000 денари

-  Изградба на цевковод во општина Гостивар со проценета  вредност од 93 280 000 денари

-  Доградба на дел од водоводна мрежа во општина Ресен со проценета вредност од 18 040 000 денари

-  Изградба на дел од водоводна мрежа во општина Виница со проценета вредност од 10 350 000 денари

-  Изградба на водоснабдителен систем во општина Желино со проценета вредност од 48 880 000 денари

-  Изградба на секундарна мрежа за фекална канализација за н.м Короишта, Ливада и Ложани, општина Струга со проценета вредност од 33 040 000 денари

-  Изградба на дел од канализациона мрежа во н.м. Големо Коњари, општина Прилеп со проценета вредност на инвестицијата од 15 962 000 денари

-  Изградба на дел од фекална канализација со пречистителна станица за н.м.Ропотово, I фаза со проценета вредност од 25 195 000 денари.

Сакаме да Ве информираме дека средствата за реализација на сите овие проекти се веќе обезбедени.

Цел на Владата на Република Македонија е во наредниот период од 18 % покриеност на територија на Република Македoнија со комунална инфраструктура, да се зголеми на 40 % што е во функција на обезбедување на рамномерен регионален развој и баланс меѓу урбаните центри и руралните средини