Во тек е осветлување на тунелите и клучките на Коридор 10. Поточно се работи за осветлување на три тунели и тоа два тунели на потегот Катланово – Велес и еден тунел на потегот Велес – Катланово.

Осветлувањето на тунелите е со ЛЕД сијалици со што значително ќе се зголеми прегледноста на возачите, а со тоа и безбедноста во сообраќајот. Исто така ќе се изврши и осветлување пред и после тунелот.

Планираме да извршиме и осветлување на клучката Велес – Север, раскрсницата Прилеп – Плетвар и раскрсницата кај Крушево.  Вкупната инвестиција за овој проект е 17, 6 милиони денари.

Исто така минатиот месец започнавме и со санација и поставување на сигнализација на тунелите на државните патишта. Преку овој проект ќе се санираат 7 тунели и тоа: тунел Блаце, тунел на патот Градско–Прилеп, тунел на патот Битола–Прилеп, тунел на автопатот Велес–Катланово, и трите тунели на автопатот Катланово-Велес. Вкупната вредност на овој проект е 23,4 милиони денари  и се очекува до крај на година комплетно да бидат завршени.