Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески присуствуваше на настанот по повод воспоставувањето на новата авиолинија Скопје - Атина. Оваа линија после 14 година пауза, повторно се воведува. 

Во продолжение интегралниот текст од изјавата на министерот Сугарески.

Воспоствување на нови линии е само доказ колку како Влада е посветена на развивање на авиосообраќајот во Република Македонија.

Во изминатиот период се воспоставија неколку линии со кои на граѓаните и на бизнис секторот овозможивме полесна комуникација со Европа и светот.

Новата линија Скопје –Атина дополнително ќе ги подобри таквите врски имајќи предвид големиот интерес што се јавува кај македонските и грчките граѓани.

Верувам дека оваа линија ќе ги зајакне и нашите врски со Грција и дополнително ќе влијае врз целокупниот процес на интегрирање на Македонија во регионот.

Ова се добри времиња за ависообраќајот во Република Макеоднија, имаме континуиран раст на бројот на патници, имаме зголемување на бројката на авиолинии и зголемување на летовите во однос на претходните години што ни дава за право да очекуваме дека и наредниот период овие бројки само дополнително ќе се зголемуваат.  

Не се откажуваме од нашите стратешки интереси а тоа е покрај овој аеродорм да го развиваме и охридскиот и да воведеме нови линии и од тој аеродром. 

Ние и во наредниот период ќе работиме се со цел да го унапредиме авиосообраќајот на едно повисоко ниво, а на граѓаните и бизнис секторот да им обезбедиме широка мрежа на дестинации согласно нивните потреби“ - истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.