Министерството за транспорт и врски изработи предлог Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година.

Главните цели на Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030се:

- да се осигура економска одржливост во развојот, управувањето и одржувањето на транспортните системи,

- да се подобри безбедноста во сообраќајот

- да се развие мулитмодалниот транспорт

- да се подобри одржливоста на животната средина

- изградба на инфраструктура согласно европските стандарди како дел од единствениот транспортен систем во регионот. 

Овие општи цели се преточени  во поеднични цели за секој вид на транспорт и понатаму се разработени во конкретни 132 активности што се планирани за реализација до 2030 година.

Во рамките на проектот за подготовка на предлог Стратегијата, а следејќи ги одредбите од Законот за животна средина се спроведе постапка и се изработи предлог Извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната Транспортна Стратегија.

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки во однос на Националната транспортна стратегија 2018 – 2030 , овие два документи се достапни на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: http://mtc.gov.mk/predlog-nacionalna-transportna-strategija-2018-2030

Исто така ќе се одржи и јавна расправа по Предлог стратегијата и Предлог извештајот за Стратегиска оцена на животната средина, за што дополнително ќе информираме за времето и местото на одржување.

Сите забелешки  во врска со предлог Националната Транспортна Стратегија може да се испратат до Министерството за транспорт и врски или на електронската адреса на Министерството:info@mtc.gov.mk.

Предлог_Национална_Транспортна_Стратегија_2018-2030.pdf 

Извештај_за_стратегиска_оцена_на_животната_средина_по_предлог_НТС_2018-2030.pdf