Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,директорот на Дирекцијата на Технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски иградоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски, извршија увид во изградба на пристапните патишта и водовод што се гради за потребите на ТИРЗ- Прилеп.

Со проектот предвидено е изградба на клучка на две нивоа кој ќе овозможи едноставноо и безбедносно вклучување и исклучување на магистралниот пат Прилеп – Битола. Вкупната должина на пристапните патишта до зоната е околу 2,8 километри или вкупната инвестиција е од околу 4 милиони евра.

“ Овој проект е од огромно значење за ТИРЗ-Прилеп заради обезбедување на соодветни услови за сегашните и идни инвеститори во зоната, се со цел да им се овозможи брз и навремен траспорт на нивните производи. Нашата цел како Влада е да овозможиме подденакви услови за сите инвеститори, да создадеме услови за што повеќе отворање на нови работни места. Затоа силно сме фокусирани на изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура која ќе овозможи конкурентни услови во регионот. Само да потсетам дека за една година во Република Македонија влезени се 12 нови странски инвестиции, изјави министерoт за транспорт и врски Горан Сугарески”

Директорот на ТИРЗ, изјави дека целиот проект ќе биде готов за 15 месеци со што ТИРЗ Прилеп ќе постане целосно функционална зона.

“Работите започнаа да се одвиваат пред еден месец и очекувам за година и половина да биде изградена клучката заедно со пристапните патишта и водоводот за зоната со што ќе им ја олесниме работата на сите компании кои моментално работат во оваа зона, но и на идните инвеститори”, изјави Александар Младеновски, директорт на Дирекцијата на Технолошко индустриски развојни зони.

На новинарски прашања во однос на капиталните инвестиции, министерот Сугарески истакна дека рееализацијата на капиталните инвестиции на министерството за транспорт и врски се во висина од 55 проценти, додека значително зголемување се очекува во третиот и четвртиот квартал годинава.