Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оставри работна средба со претседателот на управниот одбор на М-НАВ, Николче Тасески.

На средбата се разговараше за состојбите во  авиосообраќајот во Република Македонија и улогата  Македонската навигација за развој на оваа дејност. 

 Министерот Сугарески потенцираше дека развојот на авиосообраќајот во Република Македонија е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и токму во таа насока ќе се одвива соработката меѓу Министерството за транспорт и врски и М-НАВ.

“Политиките што ги спроведуваме како ресорно министерство се движат во насока на развој на авиосообраќајот преку искористување на широкиот потенцијал што го има оваа дејност во Република Македонија. Директорот на М-НАВ ме информираше за состојбите и за проектите што се реализираат со опремување со нова технологија на Македонската навигација и очекуваме дека со нивната имплементација ќе доведеме до значително подобрување на ависообраќајот во земјава, рече министерот Сугарески.

Тие на средбата разговараа и за зголемување на потенцијалите на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид преку негово опремување со нова технологија од аспект на конторла и следење на сообраќајот. 

На средбата и двајцата се согласија дека е потребна поголема комуникацијата меѓу двете институции за да се реализираат целите на Владата на Република Макеоднија а тоа е нудење на квалитетни услуги и раст и развој на авиосообраќајот.