Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оставри средба со претставници од Светска банка, предводени од Рејмонд Соамс Џоб, глобален лидер на Групацијата за патна безбедност на Светска банка.

На средбата се разговараше за плановите за подобрување на безбедноста на патиштата во Република Македонија. Министерот Сугарески нагласи дека подобрувањето на безбедноста е еден од клучните приоритети на Владата во патниот транспорт.

„Недозволиво е дури 39% од патиштата во Република Македонија согласно мерењата од Европската унија да бидат крајно небезбедни. Токму затоа проектот „Македонија без црни точки.“ Владата го смета за еден од главните приоритети.“- истакна министерот Сугарески.

Во таа насока министерот Сугарески изрази подготвеност на Владата на Република Македонија активно да поддржува инвестиции за подобрување на патната мрежа, како ида воспостави поефикасен систем за справување со безбедноста на патиштата.

Имено, преку Јавното претријатие за државни патишта (ЈПДП), поддржано со кредит од Светска банка, се спроведува анализа на безбедноста на целата патна мрежа со цел Владата да има детална информација за потребните инвестиции во мрежата, но и за транспарентно информирање на граѓаните за безбедноста на патиштата.Веќе во почетокот на следната година ќе биде реализирана инвестиција за намалување на црните точки на државните патишта.

На средбата посебно се разговараше од неопходноста за создавање координативен систем во државата кој ќе овозможи целосна соработка меѓу ЈПДП, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и Републичкиот совет за безбедност на патиштата.

Ваквиот систем треба да резултира со прецизно идентификување на причините за сообраќајни незгоди, поточно насочување на интервенциите и поголема ефикасност во реализацијата на мерките за безбедност на патиштата. Целта на Владата на Република Македонија е значително да се намали ризичноста на патната мрежа и бројот на жртвите во сообраќајот