Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска извршија увид во  реконструкција на регионалниот пат Прилеп-Прилепско езеро.

Овој патен правец е во должина од 8 километри, а реконструкцијата ќе чини 20 милиони денари, од кои 10 милиони денари се обезбедени од  буџетот на ЈП за државни патишта, а останатите средства се обезбедени од општината Прилеп.

Во изјава за новинарите, министерот Сугарески истакна дека овој пат бил барање на жителите на Прилеп, бидејќи оваа патна делница во минатото била целосно уништена и небезбедна за сообраќај.

Во продолжение интегрално изјавата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески:

“Денеска сум во работна посета во општина Прилеп каде заедно со градоначалникот извршивме увид во реконструкција на регионалниот пат Прилеп-Прилепско езеро.

Овој патен правец е во должина од 8 километри, а реконструкцијата ќе чини 20 милиони денари, од кои 10 милиони денари се обезбедени од  буџетот на ЈП за државни патишта, а останатите средства се обезбедени од општината Прилеп.

Овој пат беше и едно од барањата на жителите на Прилеп, бидејќи оваа патна делница во минатото беше целосно уништена и небезбедна за сообраќај. Со овој зафат ќе се изврши целосна реконструкција и ќе се постави нов асфалт.

Она што сакам да потенцирам дека преку програмата за инвестиционо оддржување на патиштата со Македонија пат, во тек се реконструкции на десетина регионални патишта.

За оваа година преку истата програма планирана е реконструкција на 29 регионални патишта со вкупна инвестиција од 467 милиони денари средства што веќе се обезбедени од буџетот на Јаното претпријатие за државни патишта. 

Ова е дел од инвестицониот циклус што го најавивме со премиерот Заев, така да во следниот период ќе имаме силна градежна офанзива на патиштата низ државата,“изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.