Република Северна Македонија


Министерство за
транспорт и врски

  • Насловна
  • Министерство
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Воздухопловство
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Односи со јавност
    • Покана до медиуми
  • Огласна табла
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
    • Регистри
  • Формулари
    • Градежно земјиште - формулари
    • Патен сообраќај - формулари
    • Лиценци за градење и просторно и урбанистичко уредување
  • COVID-19
    • Информации поврзани со Ковид-19
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Контакт
Бочварски- Насев: После 70 години за прв пат градиме канализациона мрежа и пречистителна станица за населени места во Карбинци.
13.03.2021

Министерството за транспорт и врски инвестира преку 25 милиони денари за изградба на две пречистителни станици и канализациона мрежа во населените места Нов Караорман и Козјак во општина Карбинци. Со овие инвестиции кои за прв пат се реализираат во општината го подигнуваме квалтетот на живеење во овие места и инвестираме во заштита на животната средина, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Карбинци.

 

Министерот Бочварски заедно со градоначаланикот на општина Карбинци, Јордан Насев извршија увид во изградба на пречистителна станица и канализациона мрежа во населеното место Нов Караорман.

 

Со проектот се предвидува изградба на канализациона мрежа од 1600 метри со пречистителна станица, каде отпадните води од насленото место Нов Караорман ќе се собираат и ќе се пречистуваат.

 

“До сега во ова населено место никогаш немало канализационен систем, а овде живееат граѓани но работат и индустриски капацитети. Ова е прашање кое го решивме многу брзо заедно со градоначалникот. До сега околу 80 проценти е реализиран овој проект и многу скоро очекувам да биде завршен.

Паралелно со ова, завршуваме со изградбата на канализационен систем исто така од овој тип за населеното место Козјак и верувам дека со овие два проекти значително го подобруваме животот во овие населени места, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

 

Со поддршката на централната власт преку вакви инвестиции, општина Карбинци  целосно го решава прашањето со комуналната мрежа, истакна грдоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.

 

“Со изградбата на овој канализационен систем се решава проблемот за околу 20 семејства и десетина индустриски капацитети кои речиси 70 години немаат канализациона мрежа од кога населбата е изградена. Со оглед дека пречистените води ќе се испуштат во река Брегалница,  со оваа инвестиција влијаеме врз заштита на животната средина. Слични проекти веќе завршивме во неколку други населени места, истакна Јордан Насев градоначалник на општина Карбицни.  

 

Министерот Бочварски упати уште еден апел до општините за забрзување на проектите  како и комуникацијата со централната власт заради решавање на локалните инфраструктурни прашања со кои се подобруваат условите за  живеење на граѓаните. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Twitter

Youtube