Република Северна Македонија


Министерство за
транспорт и врски

  • Насловна
  • Министерство
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Воздухопловство
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Односи со јавност
    • Покана до медиуми
  • Огласна табла
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
    • Регистри
  • Формулари
    • Градежно земјиште - формулари
    • Патен сообраќај - формулари
    • Лиценци за градење и просторно и урбанистичко уредување
  • COVID-19
    • Информации поврзани со Ковид-19
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Контакт
Бочварски: Инвестираме во подобрување на патната мрежа во Кочани
18.03.2021

Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Кочани инвестира во подобрување на локалната патна мрежа. Со заедничка инвестиција од 11 милиони денари, се градат пет нови кружни текови со кои ќе се подобри безбедноста во сообраќајот во Кочани, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Кочани.

 

Дополнително, потенцира министерот, преку Министерството за транспорт и врски во општина Кочани ќе се реконструираат три локални улици. За едната веќе е склучен договорот и градежните работи започнуваат следната недела, а за останите распишен е јавен повик за реконструкција .

 

“ Имаме еден убав проект кој го видовме, а тоа е регулацијата на цел еден булевар со пет кружни текови, каде што централната Влада даде поддршка на општина Кочани, а остатокот од средствата ги обезбеди општината и ова е пример како се работи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Знам дека во Кочани вака никогаш не се градело, знам дека ова е навистина убав период за градот кај што се гледа дека сите проекти кои со години тлееле, стоеле нереализирани, денеска се во фаза на реализација. Во продолжение на овие кружни текови од следната недела започнува и реконструкција на булеварот” изјави министерот  за транспорт и врски Благој Бочварски.

 

Тој додаде дека со поддршката од централната власт се решава станбеното прашање во Ромската населба и дека наскоро се започнува  со изградба на нова социјална зграда со 35 станбени единици.

 

“ Ова е многу значаен проект за општина Кочани со кој обезбедуваме брз проток на сообраќајот во овој дел на градот. Завршивме два од вкупно пет планирани кружни текови, така да во следната фаза преку централната влада ќе го реконструираме десниот крак од булеварот со до полициската станица.  Исто така преку министерството за транспорт и врски добивме поддршка за реконструкција на уште две улици кои се во многу лоша состојба и верувам дека со проектите што ги работиме преку општината ќе придонесеме за подобрување на условите за живеење во Кочани”, изјави  Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани.

 

На новинарско прашање за гасификација на Источниот дел на земјата, министерот Бочварски истакна дека преку постапка за Јавно приватно партнерство која се води во Министерството за економија, со изборот на фирма, приватниот партнер ќе ја гради мрежата во општините. Во меѓувреме истакна министерот, до крај на годината ќе се заврши со изградба на магистралните гасоводи од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар,  како и распишување на повикот за изградба на конекторот со Грција.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Twitter

Youtube