Министерот Бочварски изврши увид во пробивање на левата тунелска цевка на експресниот пат Дреново Фариш
29.11.2022
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и заменик директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Благојче Трпевски беа на увид на делницата Дреново-Фариш и пробивање на тунелот на експресниот пат Дреново-Фариш.
Во продолжение интегралната изјава на министерот Бочварски;
Иако се наоѓаме во најтешката година за државата погодени од глобалната криза, иако временските услови полека ги отежнуваат градежните активности, ние се уште сме на терен и се уште се наоѓаме во силен инвестициски циклус, вложувајќи во изградба и модернизација на патната мрежа низ цела држава.
Во моментот активно градиме три експресни патишта, овој на кој се наоѓаме денеска од Градско кон Прилеп, од Ранковце до Крива Паланка и од Крупиште до Кочани преку кои ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот, а од друга страна го подигнуваме економскиот развој на државата преку секторот градежништво.
Пред неколку месеци бевме овде на пробивање на левата тунелска цевка на тунелот Фариш. Денеска сме исто присутни на пробивање на десната тунелска цевка. Тоа значи дека градежните работи се одвиваат одлично. 5 од вкупно 10 километри од патот е веќе асфалтиран со прв слој асфалт, се гради со посакувана динамика на повеќе позиции на трасата.
Вредноста за изградба на втората делница од Дреново до Фариш изнесува повеќе од 33 милиони евра, а само за изведбата на тунелот инвестираме 5,7 милиони евра.
Би сакал да потенцирам дека и делницата од Градско до Дреново се работи со силна динамка, каде прогресот на работите изнесува околу 70%.
Важно е да спомнам дека завршуваме и со рехабилитација на превојот Плетвар во првата половина на месец декември.
Со сите овие проекти содаваме нова патна врска до Прилеп, Битола и цела Пелагонија.
Разбирам колку овој пат има огромно значење за граѓаните од Пелагонискиот регион, но и за сите кои патуваат во овој дел од земјата. Сакам да ги уверам сите, дека работиме посветено на сите овие проекти за да создадеме услови за модерен и безбеден собраќај и развој на Пелагонискиот регион.
Во делот на локалната мрежа би сакал да напоменам дека веќе следниот месец очекувам да се избере изведувач за рехабилитација на улицата Леце Котески, влезот од Крушево во Прилеп, улица која е една од главните артерии на градот. За нејзина рехабилитација вложуваме околу 60 милиони денари.
Како Влада главен приоритет ставаме на реализација на капиталните проекти кои ќе донесат раздвижување и закрепнување на економијата и во овие тешки периоди на светска криза.
Нема никакви застои, капиталните проекти се градат во континуитет и само така ќе продолжиме да ги работиме.
Преку изградба и модернизација на патната инфраструктура имаме за цел да ја подигнеме безбедноста при патувањето на едно високо ниво, да ги елиминираме црните точки, да ја развиеме националната економија и на граѓаните да им обезбедиме подобри услови за живот и пропсперитет.