Потпишан договор за изработка на ГУП за Град Скопје
21.09.2020
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и директорот на Агенцијата за просторно планирање, Огнен Апостолски, денеска го потпишаа договорот за изработка на Генерален Урбанистички План за Град Скопје.
Според Договорот изработката на ГУП-от треба да биде завршена за 42 месеци а вкупната вредност зинесува 184 милиони и 835 илјади денраи од кои 20 милиони денари се обезбедени од Министерство за транспорт и врски.