Република Северна Македонија


Министерство за
транспорт и врски

  • Насловна
  • Министерство
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Воздухопловство
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Односи со јавност
    • Покана до медиуми
  • Огласна табла
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
    • Регистри
  • Формулари
    • Градежно земјиште - формулари
    • Патен сообраќај - формулари
    • Лиценци за градење и просторно и урбанистичко уредување
  • COVID-19
    • Информации поврзани со Ковид-19
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Контакт
Сугарески-Китанов: Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе ја завршиме и пред рокот. Ова е пример како треба да се гради
16.09.2019

„Со изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе го подигнеме животниот стандард на преку 170 илјади жители на овој регион, а ќе овоможиме и бенефит за околу 12.000 фирми кои дејствуваат во овие региони“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешниот увид во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш.

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е со вкупна вредност од 51 милион евра. Во моментов се работи на првата фаза во должина 23 километри и според динамиката на градежните работи се очекува изградбата да биде завршена пред предвидениот рок, во 2021 година.

Во изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека со експресниот пат се создава брза патна врска меѓу Југоистокот и централниот дел на државата со што се отвора можност за влез на нови инвеститори, но и подобра комуникација меѓу граѓаните.  

„Сосема е јасно дека квалитетната инфраструктура има клучна улога за економскиот развој, затоа ние како Влада ќе продолжиме посветено да работиме на унапредување на патната мрежа во земјава, континуирано да го поттикнуваме развојот на сите региони и заеднички со општините да соработуваме за посилна економија и подобар живот на граѓаните. Покрај изградбата на експресниот пат, го рехабилитиравме и постоечкиот пат од Штип до Радовиш, како и патниот правец Радовиш-Подареш и патот кон Злетово, а во тек се рехабилитацијата на патот Радовиш-Струмица и реконструкцијата на патната делница Струмица-Ново Село“ - истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека овој експресен пат е пример за тоа како треба да се гради.

„Со изградбата на овој експресен пат држиме лекција за тоа како треба да се гради. По само година и половина се асфалтира првиот дел од 5 километри, а останатиот дел се подготвува. Проектот го воведовме во работа со 99% завршена експропријација и со завршени археолошки испитувања по најбрз можен пат, а согласно законите. За овој дел, финасискиот обем е веќе 52% реализиран, а физичкиот дел 54%. Во фаза на евалуација е и втората фаза од експресниот пат, на потегот од Три Чешми до мостот на Брегалница и од Бучим до излезот на Радовиш.“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Градоначалниците на општина Штип и општина Конче истакнаа дека изградбата на овој експресен пат и реконструкцијата на целокупната патна мрежа значително ќе влијаат врз локалниот и регионалниот економски развој.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Twitter

Youtube