Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Кочани каде оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев и узврши увид во реконструкција на магистралниот пат Кочани –Делчево.

Овој патен правец е со должина од 30, 6 километри, вредноста на инвестицијата е 6 милиони евра, средствата се обезбедени од Светска банка.

Во тек се врши асфалтирање на дел од трасата како и санација на четири одрони. Во изјава за новинарите, министерот Сугарески потенцираше дека реконструкцијата на овој патен правец е многу значајна бидејќи истиот не бил реконструиран неколку децении, а е важна патна врска за Источниот регион.

Во однос на инвестициите во овој регион, сакам да потенцирам дека само во патната инфраструктура инвестираме преку 70 милиони евра во изградба и реконструкција  на патиштата. Би спомнал само неколку: Реконструкција на овој патен правец од Кочани до Делчево, потоа реконструкција на обиколницата Кочани, реконструкција на патот до Пониква, изградбата на експресниот пат Штип-Кочани и уште неколку регионлани патишта кои во следниот период ќе се работат со средтсва од Јавното претпријатие за државни патишта”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот ја ЈП за државни патишта Зоран Китанов, изјави дека реконструцијата се одвива според планираното и дека оваа инвестиција како и реконструкциите на другите регионални патишта ќе придонесе за економско зајакнување на регионот.

Покрај рехабилитација на патот, предвидено е да се рехабилитираат и 18 мостови, санација на 4 најголеми одрони, како и санација на косините. Очекуваме истиот да биде завршен крајот на овој месец, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Претходно, министерот Сугарески на средбата со гардоначалникот разговараа за проектите во делот на инфраструктурата што се реализираат во општината а што се од огромно значење за развојот на Кочани како и за подобрување на животот на граѓаните.