Министерот за транспорт и врски денеска оставри работна посета во општина Виница каде оставри увид во инфраструктурните проекти кои се реализираат во општината.

Заедно со градоначалникот Ивица Димитров, остварија увид во реконструкција на водоводната мрежа во градот, проект кој се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски. 

Се работи за целосна реконструкција на  6 водоводни линии во градот со вкупна должина од 3, 7 километри. Ова е втора фаза од овој проек, претходно се реконструираше водоводната мрежа во 4 блока од градот со вкупна должина од 3,8 километри.

Во изјава за медиумите, министерот Сугарески ја потенцира важноста на реализација на овој проект, бидејќи со него се решава проблемот со загубите на вода во општината.

“Вкупната инвестиција на овој проект е околу 450 илјади евра и со него ќе го решиме комплетно проблемот со старите поцинковани цевки од кои имаше огромни загуби на вода. Истите ќе бидат заменети со нови со што Виница конечно ќе добие квалитетна вода.  Исто така на општина Виница, од заемот од Европската инвестициска банка и остануваат уште 230 илјади евра и како што сум информиран ќе аплицираат со проект за проширување на филтер станицата во градот”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот потенцираше дека во Виница ќе се грaди зграда со 39 станови за социјалани категории на граѓани. Во тек е подготовка за јавна набавка и наскоро ќе се распише јавниот повик за избор на изведувач.

Во делот на патната инфраструктура тој најави дека во текот на оваа година ќе се рехабилитира патот од Берово до Виница, како и патните правци Трстија – Бигла и Трстино – Трстија.