На покана од Комисијата за економски прашања при Обединетите Нации за Европа, заменик министерот за транспорт и врски, Ремзи Махмеди е во работна посета во Женава Швајцарија, каде учествува  на работилница посветена на Транспортните  коридори долж Европа и Азија.

Во своето излагање, заменик министерот Мехмеди, истакна дека Владата е силно фокусирана на изградба на инфраструктурата во државата како стратешка определба на Република Македонија за поврзување со ПАН Европските коридори. 

Во однос на Коридорот 10, заменик министерот истакна дека во тек се инвестици во изградба и реконструкција на патната и железничката инфраструктура со цел да се подигне безбедноста на повисоко ниво и да се забрза протокот на стока и патници на овој Коридор.

Во своето обраќање, тој потенцираше дека приоритет на Владата е железничкото поврзување со Република Бугарија за која веќе се обебзедени средства преку ЕУ и други меѓународни финансиски институции.  Исто така определба на Република Македонија е и завршување на оската Исток-Запад што е заеднички приоритет и на земјите од регионот, истакна заменик министерот Мехмеди.