Над три илјади жители од населеното место Брвеница за шест месеци ќе добијат фекална канализациона мрежа.  Денеска започна изградбата на канализацијата во ова место во кое покрај каналиацијата ќе се изгради и колекторот за преттретман на отпадните води.


Инвестицијата е вредна 23 милиони денари, средствта се обезбедени од Европската инвестициска банка. Со изградбата на новата канализациона мрежа ќе се обезбедат поквалитетни и поеколошки услови за живеење во општина Брвеница.


Ова беше едно од главните барања на жителите на насленото месо Брвеница до централана власт, бидејќи до сега отпадните води беа третирани со септички јами.