СООПШТЕНИЕ за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во Февруарска испитна сесија
23.01.2025
СООПШТЕНИЕ за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во Февруарска испитна сесија
Министерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери-КОАИ Ве известува дека во петок на 28.02.2025 година, со почеток во 10 часот, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - февруарска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците Февруари, Јуни и Октомври.
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање во електорнска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: ispiturbanizam@komoraoai.mk согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ бр.219/22 и 194/24) и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
Доставата на апликации на кандидатите се врши најдоцна до 10.02.2025 година.
Повеќе детали за аплицирањето и условите на следниот линк од Соопштението на КОАИ: