МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
ОБЈАВА број 07/2016(18.07.2016)
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавањево општина Ѓорче Петров
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено соДУП населба Хром, донесен со одлука број 07-476/6 од 13.06.2000година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, намена на градба, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, бруто развиена површина, Процент на изграденост и коефициент на искористеност и депозит за учество на јавното наддавање.
Табеларен преглед број 1:
р.б. |
Број на аукција |
Број на градежна парцела |
Број на катастарска парцела (КО Ѓорче Петров 6) |
Намена на градба |
Површ. на градежна парцела (м2) |
Површ. за градење (м2) |
Бруто развиена површ. (м2) |
Процент на изграденост и коеф. на искористеност (%) |
Депозит за учество на електронско јавно наддавање (денари) |
1 |
07/2016-22.2 |
22.2 |
Дел од КП 8646/2 и дел од КП 8646/4 |
А-индивидуално домување |
342 |
150 |
450 |
42/1,30 |
3.000 |
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат:
1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.
2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, за секоја градежна парцела), комплетирана со следнитедокази:
1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата;
2. Доказ за платен депозит во оригинал (да се наведе број на огласи број на градежна парцела во цел на дознака);
3. За физичките лица уверение за државјанство;
4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;
5. Банкарска гаранција во износ од 5.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата со рок на важност до 30.09.2016 година, со која понудавачот ќе гарантира доколку е избран за најповолен понудувач дека ќе ја уплати крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор
(банкарската гаранција за учество на електронското јавно наддавање се доставува и во писмена форма во оригинал до Министерството за транспорт и врски - ул. „Даме Груев“ бр. 6, Скопје, најдоцна до истек на рокот за поднесување на пријави за учество на јавно наддавање. На подносителите на пријави за учество на јавното наддавање кои нема да достават банкарска гаранција во писмена форма во оригинал нема да им биде дозволено учество на јавното наддавање).
6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Министерството за траснпорти врски нема обврска да прима и врши корекции на истата)
7. Фотокопија од лична трансакциона сметка
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.
Подносителите на пријави потребно е да достават во пријавата за учество на јавно наддавање и фотокопија од лична трансакциона сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на јавно наддавање.
ПОСЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ
1. Банкарска гаранција во износ од 5.000 евра во денарска противвредност за серизност на понудата со рок на важност до 30.09.2016 година, со која понудавачот ќе гарантира доколку е избран за најповолен понудувач дека ќе ја уплати крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор.
(банкарската гаранција за учество на електронското јавно наддавање се доставува и во писмена форма во оригинал до Министерството за транспорт и врски - ул. „Даме Груев“ бр. 6, Скопје, најдоцна до истек на рокот за поднесување на пријави за учество на јавно наддавање. На подносителите на пријави за учество на јавното наддавање кои нема да достават банкарска гаранција во писмена форма во оригинал нема да им биде дозволено учество на јавното наддавање).
ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед број 1 изнесува 61денар од метар квадратен.
ДЕПОЗИТ
1.Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларен преглед даден во оваа објава.
2.Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на Буџет на Република Македонија, Народна Банка на Република Македонија, трансакциска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник 130010025669613, Приходна шифра и програма 733111-10 со назнака “депозит за јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште”(да се наведе број на огласи број на градежна парцела во цел на дознака);
3. Депозитот се враќа во целост на подносителите на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства
РОКОВИ
Пријавите за учество на јавното наддавање за градежната парцела од Табеларниот преглед можат да се достават до 08.08.2016 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.
Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Јавното наддавање за ГП 22.2 ќе започне на 12.08.2016 година, во 10:00 часот и истото ќе трае 15 минути.
ПОСТАПКА
Оваа објава ќе биде објавена и на WEBстраната на Министерство за транспорт и врски, www.mtc.gov.mk