Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија ОБЈАВА број 05/2016 (07.06.2016) општина Врапчиште
07.06.2016

 



МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

ОБЈАВА број 05/2016 (07.06.2016)

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавањево општина Врапчиште

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено соЛУПД за КП бр. 241/2, 241/3, 244/2, 246/1 и 246/2 во КО Зубовце, одобрен со решение број 26-110/1 од 20.01.2016 година,согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, намена на градба, максимална висина до венец, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење и депозит за учество на јавното наддавање.

Табеларен преглед број 1:

р.б.

Број на аукција

Број на градежна парцела

Број на катастарска парцела

(КО Зубовце)

Намена на градба

Површ. на градежна парцела (м2)

Површ. за градење (м2)

Макс. Висина до венец (м) и катнност

Процент на изграденост и коеф. на искористеност (%)

Депозит за учество на електронско јавно наддавање (денари)

1

05/2016-з.1

з.1

КП 241/2, 241/3, 244/2, 244/1, 246/2

Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Д2, Д3, Д4, Г3, Г4

23.109

13.000

13/П+1

56/0,78

150.000

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, за секоја градежна парцела),  комплетирана со следнитедокази:

1.  Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата;

2.  Доказ за платен депозит во оригинал (да се наведе број на огласи број на градежна парцела во цел на дознака);

3.  За физичките лица уверение за државјанство;

4.  За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;

5.  e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Министерството за траснпорти врски нема обврска да прима и врши корекции на истата)

6.  Изјава заверена на нотар, под полна морална, материјална и кривична одговорност дека подносителот на пријавата доколку биде избран за најповолен понудувач во целост ќе ги почитува дадените параметри во урбанистичкиот план и доколку се јави потреба за преместување на подземна инфраструктура, истото ќе го изврши на негов товар и нема да има оштетно побарување према Република Македонија.

7.  Фотокопија од лична трансакциона сметка

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

Подносителите на пријави потребно е да достават во пријавата за учество на јавно наддавање и фотокопија од лична трансакциона сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на јавно наддавање.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед број 1 изнесува 61денар од метар квадратен.

ДЕПОЗИТ

1.Депозитот  за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларен преглед даден во оваа објава.

  2.Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на Буџет на Република Македонија, Народна Банка на Република Македонија, трансакциска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник 130010025669613, Приходна шифра и програма 733111-10 со назнака “депозит за јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште”(да се наведе број на огласи број на градежна парцела во цел на дознака);

  3. Депозитот се враќа во целост на подносителите на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10%  од депонираните средства

РОКОВИ

  Пријавите за учество на јавното наддавање  за градежните парцели од Табеларниот преглед можат да се достават до 15.07.2016 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.

  Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање за ГП з.1 ќе започне на 19.07.2016година, во 10:00 часот и истото ќе трае 15 минути.

ПОСТАПКА

  1. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од три дена од денот на поднесувањето на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
  2. На денот на одржување на електроското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на  јавното наддавање.
  3. Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.
  4. Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Министерот за транспорт и врски
  5. Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
  6. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од10,оо денари за градежната парцела наведена во Табеларниотпрегледброј 1
  7. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
  8. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
  9. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
  10. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата и целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање (во оригинал или копија заверена на нотар).
  11. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок и не ја достави целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
  12. По извршената уплата во утврдениот рок и доставувањето на целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, Министерот за транспорт и врски склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот купувачот се обврзува во рок од 12месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено, за градежните парцели со површина над 5000 м2 и да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од 2 (две) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина до 1000 м2, односно во рок од 4 (четири) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2, согласно добиеното одобрение за градење, односно доколку купувачот не го прибави одобрението за градење и не ги изгради предвидените објекти во определениот рок, по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.
  13. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
  14. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
  15. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот.
  16. Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

  Оваа објава ќе биде објавена и на WEBстраната на Министерство за транспорт и врски, www.mtc.gov.mk и на www.gradezno-zemjiste.mk. 




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube