Согласно Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на
Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014 и 27/2016), Министерството за
транспорт и врски објавува:
ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС за
посебни советници во Кабинетот на Министерот за транспорт и врски (3
извршители), од кои:
1 посебен
советник со завршено високо образование од областа на економските науки
1
посебен советник со
завршено високо образование од областа на правните науки
1
посебен советник со завршено високо образование од областа на архитектура или
градежништво
Покрај наведените услови за областите на завршено високо образование,
кандидатите треба да ги исполуваат следните услови
- да е
државјанин на Република Македонија,
- активно познавање на англиски јазик,
-да има општа здравствена способност
-со правосилна судска пресуда да не му е
изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Согласно законските одредби , посебните советници во кабинетот на
Министерот за транспорт и врски склучуваат договор за вработување на определено
време, а вработувањето трае до истекот на мандатот на функционерот во чиј
кабинет се врботени. За времетраењето на договорот за вработување во кабинетот,
на посебните советници им мирува работниот однос во институцијата или
компанијата во која се вработени.
Правата и должностите на посебните советници се уредуваат со општите
прописи за работните односи.
Потребна
документација за пријавување на огласот:
·Кратка биографија
·Писмо за интерес (
со наведени телефонски број и меил адреса за контакт)
·Диплома за
завршено високо образование(копија)
Заинтересираните
кандидати можат да ја достават потребната документација во писарницата на Министерството
за транспорт и врски или по пошта на следната адреса:Министерство за транспорт
и врски ул.„Даме Груев“бр. 6, Скопје со назнака:„Оглас за посебни советници во
кабинетот на Министерот за транспорт и врски“.
Рокот за
пријавување е 7 дена од денот на објавувањето.