Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Средба Николоски – Жан Маринсеку: Фокусирани сме на развој на брз транспорт долж европската транспортна мрежа
13.12.2024

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со Мариан – Жан Маринеску, координатор на новоформираниот транспортен коридор Западен Балкан - Источен Медитеран.

На средбата се разговараше за владините активности и проекти што се реализираат на европските транспортни коридори, со посебен акцент на коридор 8 кој е дел од новоформираниот транспортен коридор Западен Балкан - Источен Медитеран.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Владата е фокусирана на развој на сите видови транспорт долж трансевропската транспортна мрежа со што Македонија дава голем придонес во развој и промоција на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Исто така, тој ја потенцира решителноста на Владата за доизградба на железничкиот и патниот коридор 8, како и подготвеноста за изградба на брза пруга на Коридор 10 како услов за регионален развој и интеграција со пазарите на ЕУ.

“Подготвени сме за имплементација на акционите планови за изградба и модернизација на патиштата, зголемување на безбедноста на патишта, унапредување на железничкиот систем, транспортно олеснување и мултимодалноста.  Во таа насока сме силно посветени на подобрување на транспортната инфраструктура и преземаме активности за изградба и рехабилитација на транспортната мрежа која е дел од основната и сеопфатна мрежа на европските транспортни коридори. Подобрувањето на поврзаноста во рамките на Западен Балкан, како и меѓу Западен Балкан и ЕУ, е клучен фактор за понатамошна интеграција која ќе донесе јасни придобивки за економиите и граѓаните на регионот, како и стимулирање на економскиот раст на национално и регионално ниво”-истакна вицепремиерот Николоски.

На средбата присуствуваа и директорите на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на АД Железници Транспорт, Дејан Кошутиќ, како и заменик амбасадорот на ЕУ во Македонија, Бен Нупно.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube