70 денари по метар квадратен ќе се продава градежно земјиште за изградба на ученички, студентски домови како и домови за престој на стари лица
21.12.2017
По предлог на Министерството за транспорт и врски, на последната
Седница на Владата на Република Македонија, се измени Уредбата која се однесува
на висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република
Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за
отуѓување.
Имено цената
за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата за изградба на
објекти за групно домување се намалува на 70 денари за метар квадратен или намалување до 23 пати и се однесува за 58 општини
во Република Македонија, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес конференција
Во прилог интегрален текст од изјавата на министерот Сугарески:
Со Уредбата, се намалува
висината на цената по која се отуѓува градежното земјиште сопственост на
Република Македонија со непосредна спогодба, со намена за групно домување во
Реон 5 и Реон 6.
Новата
цена ќе изнесува 70 денари за метар квадратен и се однесува за градежно
земјиште наменето за изградба на:
-Ученички
домови
-Студентски
домови
-Домови
за престој на стари лица и самци
-Домови
за деца без родители
-И за
незгрижени лица
Имајќи предвид дека
претходните цени беа многу високи и недостасуваше изградба на објекти од овој
тип, се наметна потребата од промена на
Уредбата преку донесување на нова цена која сметаме дека ќе овозможи значително
раздвижување во овој сегмент.
Би сакал да направам една
кратка споредба со претходните цени со кои се отуѓуваше земјиште за ваква
намена.
На пример во Реон 5, цената
по која се отуѓуваше градежното земјиште со непосредна спогодба неменето за
групно домување за централно подрачје изнесуваше 1600 денари за метар
квадратен, за вонцентрално подрачје изнесуваше 1300 денари за метар квадратен,
а за населено и воннаселено место 500
денари по квадрат.
Во Реон 6, претходната
пропишана цена изнесуваше 800 денари за подрачје во седиште на општината, а за
населени места во општината изнесуваше 400 денари.
Сметавме дека ваквите цени беа
високи и нереални и досега ги ограничуваа инвеститорите.
Сега,
со новата Одлука, цената за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на
државата за изградба на објекти за групно домување се намалува до 23 пати и се
однесува за 58 општини во Република Македонија.
Поконкретно, оваа цена се
однесува за општините во Реонот 5 и тоа: Крива Паланка, Дебар, Виница,
Неготино, Радовиш, Ресен, Сарај, Шуто Оризари, Свети Николе, Берово, Македонски
Брод, Дојран, Валандово, Делчево, Демир
Хисар, Кратово, Крушево, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Македонска
Каменица, Пехчево и Илинден.
И за Реонот 6 во кој спаѓаат
следниве општини: Арачиново, Босилово, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште,
Градско, Дебарца, Долнени, Желино, Зелениково, Зрновци, Јегуновце, Боговиње, Карбинци,
Конче, Кривогаштани, Липково, Лозово, Маврово и Ростуша, Могила, Новаци, Ново
Село, Петровец, Пласница, Ранковце, Росоман, Сопиште, Старо Нагоричане,
Студеничани, Теарце, Центар Жупа, Чашка, Чешиново-Облешево и Чучер-Сандево.
Уште еднаш сакам да потенцирам
дека, цената за градежно земјиште наменето за изградба на ученички и
студентски домови, домови за престој на стари лица, за деца без родители и
домови за незгрижени лица изнесува 70 денари за метар квадратен и вакво
земјиште по оваа цена ќе може да се купи во 58 општини во државава.
Одлуката за промена на
цената е дел од нашите реформски цели со кои имаме намера дополнително да го стимулираме градежниот сектор во
Република Македонија.
Сметам дека истовремено ова
е значајна социјална мерка со која ќе овозможиме згрижување и подобрување на
условите за домување и престој.
Веруваме дека со оваа мерка ќе
го стимулираме приватниот сектор, ќе привлечеме нови инвеститори во овие делови
на Република Македонија, ќе допринесеме за локален економски раст и порамномерен
развој во државата.
Како што ветивме, остануваме
силно посветени на спроведување на реформите сè со цел подобрување на условите
за живот и побрз економски раст на земјат, истакна Сугарески.