Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Го рестартиравме градежниот сектор со инвестиции од преку 2 милијарди евра
24.01.2024

Го рестартиравме градежништвото преку рекордните инвестиции во патиштата, железницата, гасоводи, преку изградба на комунални проекти и социјални згради. Покажавме дека инфраструктурата ни е на приоритетно ниво, креираме политики на развој на градежниот сектор и отворање на нови работни места, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска од панел дискусијата посветена на инфраструктурата, дел од годишната конференција „Година на европски можности”.

 

Министерот истакна дека оваа Влада вложува преку 2 милијарди евра инвестиции во проекти кои даваат забрзан економски развој на државата и со тоа го подобруваат животот на граѓаните.

 

Тој се осврна на регионалното поврзување како услов за забрзана интеграција на земјата во Европската Унија.


„Ова е решението на Владата и убеден сум дека мора да се движиме по овој пат кој го трасиравме. Доказ за тоа  е минатата 2023 година каде остваривме преку 700 милиони евра реализација на капитални инвестиции. Го започнавме проектот за изградба на 4 нови автопати на Коридорите 8 и 10-Д, завршивме со рехабилитација на патните правци кон сите гранични премини, завршивме преку 170 локални патишта и улици, покажуваме дека инфраструктурата ни е на приоритетно ниво.“ истакна министерот Бочварски.

 

Во своето обраќање тој потенцираше дека оваа година ќе се воведе Интелигентниот транспортен систем на Коридорот 10, а воедно започнат е и проект за проширување на граничните премини Деве Баир и Ќафасан, како и опремување на сите гранични премини.

 

На панелот во делот на инфраструктурата се обрати и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, кој истакна дека минатата година остварен е приход од патарини во висина од 62 милиони евра и 400 милиони евра капитални инвестиции, а за оваа година предвидено е изградба на уште 70 километри државни патишта со проценета вредност од околку 400 милиои евра.

 

Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Зоран Трифуновски, истакна дека најголемата капитална инвестиција, изградбата на железницата на источниот дел од Коридорот 8 од околу 760 милиони евра, се реализира со зацртаната динамика.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube