Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Ивановски: Сега е моментот Македонија да ја позиционираме на мапата на товарниот железнички транспорт како најбрз и најисплатлив транзитен пат од грчките пристаништа до Централна Европа
19.05.2025

Изградбата на брза пруга на коридор 10 како дел од договорите со Обединетото Кралство е фокус проект со кој Македонија ќе се позиционира како главен транзитен пат на железничкиот транспорт од грчките пристаништа до европските дестинации, истакна на денешната прес конфереција директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Покрај реконструкцијата на постоечката пруга, предвидено е да се изгради нова пруга и долж коридорот 10 да има двоколосечна пруга која значително ќе го забрза транзитот на карго превоз и на патници.  

"За таа цел ќе се изработи проектна задача за целосна реконструкција на постоечката траса и кревање на брзината до 160км/ч и онаму каде што има можности и над оваа брзина за патничкиот сообраќај, а до 120км на час на товарниот сообраќај.

Паралелно со оваа постоечка траса ќе се изгради една целосно нова пруга. Значи ќе имаме 2 колосека.  И за двете пруги ќе се трудиме секаде каде што има кривини согласно можностите максимално да се исправат и да се намали должината на пругата. Од голема важност е што при целата градежна активност ќе биде опфатена и изградбата на пругата со која ќе се поврзе, железничката станица во Скопје со Аеродромот во Петровец”- изјави Синиша Ивановски, директор на МЖ Инфраструктура.

Предвидено е пругата да се гради по принципот на проектирање и изградба, односно Изведувачот во исто време да проектира и да гради.

“ Пругата ќе биде целосно електрифицирана со современи системи за сигнализација и контрола на сообраќајот по стандардот ETCS (European Train control system ) со особен акцент на безбедноста на патниците и на патните премини долж коридорот 10, за кои што ќе се трудиме сериозно да го намалиме нивниот број.  Рокот во кој ќе очекуваме градежните работи да бидат завршени се 5 години. Овој рок ќе биде накнадно прецизиран но ова е временската рамка на очекувања”- истакна директорот Ивановски.

Тој најави дека паралелно со изградбата на пругата, ќе се реконструира и железничката станица во Скопје, како и изградба на пруга до Меѓународниот аеродром Скопје.   



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube