Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Гевгелија
11.04.2025
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 21 социјален стан во општина Гевгелија во станбенaта зградa на улицa „Ацо Шопов“ бр. 47 во Гевгелија изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт во дневните весници „Слободен печат“ и „Вечер“, дека на ден 14.04.2025 година (понеделник) во 14,00 часот во просториите на Дом на култура „МАКЕДОНИЈА“ во Гевгелија, ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.