Јавен повик за распределување на социјални станови во општина Кочани
15.11.2024
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 35 социјални станови во општина Кочани во станбенaта зградa на улицa „Ѓорче Петров“ бр. 3 во Кочани изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт во дневните весници „Слободен печат“ и „Вечер“, дека на ден 25.11.2024 година (понеделник) во 11,00 часот во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани, ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.