Јавен повик за распределување на социјални станови во општина Велес
15.11.2024
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 29 социјални станови во општина Велес во станбенaта зградa на улицa „Раштански пат“ бр. 20 во Велес изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт во дневните весници „Слободен печат“ и „Вечер“, дека на ден 18.11.2024 година (понеделник) во 11,00 часот во просториите на Општина Велес (големата сала), ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.