Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски:  Со многу посветеност за прв пат во историјата на Македонија на време завршуваме еден капитален проект. Изградивме нов модерен експресен пат од Страцин до Крива Паланка со кој ќе го развиеме истокот на Македонија  
04.01.2025

Со инвестиција од 107 милиони евра, денеска се пушти во употреба експресниот пат до Куманово (Страцин) – Крива Паланка во должина од 25,5 километри. Нова модерна патна врска која ќе ја забрза комуникацијата кон источниот дел на Македонија. Експресниот пат е дел од меѓународниот коридор 8 кој има значајна улога во развојот на економијата и ќе преставува услов за отворање на нови фабрики, нови работни места и ќе се подобри патната комуникација со овој дел на Македонија, истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Александар Николоски:

“Нема поубав начин да се започне Нова година од отворање на еден ваков каитален проект кој ќе остане децении и векови после нас и за тоа честитки на сите, честитки за цела држава и за сите кои што ќе го користат овој пат кој дефинитивно ќе поврзе протокот и комуникацијата меѓу главниот град Скопје и Истокот на Македонија.

 

Патот ќе претставува витална артерија за поврзување со Бугарија и секако очекувам да ја развие економијата од двете страни на експресниот пат да се развиваат нови индустриски капацитети, да се отвораат фабрики, нови работни места и целосно да го заживееме источниот дел на Македонија.  

Честити на сите кои што работеа и честитики за успехот.

Како што кажа и директорот Трајановски кога беше избрана Владата се соочивме со многу проблеми, многу нерешени проблеми, заостанати проекти, проекти кои ниту имаа јасна завршница, ниту финансирање, ниту извесност во завршувањето. Благодарение на посветеноста на Владата и морам тука да потенцирам, личната посветеност на премиерот Мицкоски, за што сум многу благодарен, на дневна основа се слушаме и комуницираме за овие проекти.

Претседателе благодарам.

И ова е негова лична заслуга зошто прв пат во историјата на Македонија се заврши еден проект на време.

Беше 31.12 ветено, јас и директорот Трајановски на 31 -ви го извоземе прв пат овој пат и пративме информација до премиерот дека патот е готов, а од денеска ќе може да го користите сите. Нека е со среќа, аирлија, да се гледаме за нови работи, најавуваме и нови проекти кои што ќе бидат за брзо отворени, а оваа година ќе почнеме и нови проекти кои што ќе значат развој за Македонија.

Ние имеме уникатна локација, низ Македонија се сечат два пан европски коридори, коридор 8 и 10 и треба да ги искористиме, мора државата да стане крстосница, енергетска и транспортна крстосница и на тој наичн да растеме и сите да ја градиме економијата и просперитетот за луѓето да ни остануваат тука.

 Нека е арилија и со среќа”- се обрати Вицепремиерот Николоски.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube