Николоски: Честит 9 - ти април Денот на железничарите на Македонија. Градиме современ систем на модерна и европска железница
09.04.2025
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил со порака го честиташе Денот на железничарите во Македонија. Притоа тој напиша:
“ Честит 9 - ти април - Денот на железничарите на Македонија.
152 години од постоењето на Железницата во Македонија и сè уште создаваме историја.
Заеднички и одговорно, ќе го вратиме сјајот и духот на Македонските Железници и ќе изградиме современ систем на модерна и европска железница”