Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини, граѓаните и бизнис секторот мора да добиваат квалитети услуги
11.07.2024

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

На средбата се разговараше за динамиката за реализација на проектите што ги спроведува Министерството за транспорт како дел од процесот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а се насочени за модернизација и унапредување на работата на граничните премини.

Се работи за проектот за новиот систем за видео надзор и автоматско препознавање на регистарски таблици преку кој се инсталираат преку 350 типови на надзорни камери на граничните премини.

Понатаму се разговараше и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, проект кој ќе започне да се реализира во скоро време.

Исто така на средбата се отвори и прашањето за имплементција на едношалтерскиот систем “Single Window” преку кој ќе се поврзат државните институции за подобрување на услугите за граѓаните и бизнис секторот.   

Министерот Николоски истакна уверување дека проектите се реализираат со потребната динамика, се со цел да се унапреди системот на услуги што се овозможува на граничните премини.    

“Подобрување на условите за работа на граничните премини е процес кој го спроведуваме во соработка со Царинската управа и преку кој создаваме систем на квалитетни услуги за сите економски оператори. Со реализација на овие проекти  го унапредуваме транспортотот, ја зголемуваме ефикасноста на граничните премини   и ова се проекти со кои обезбедуваме бенефит за Министерството за транспорт,  за Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други државни институции.  Ова е од огромно заначење и за регионалната соработка како владин приоритет “, истакна на средбата министерот Николоски.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube