Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Работиме на зајакнување на соработката со Чешка во економијата и инвестициите
11.03.2025
Зајакнување на економската соработка, нови инвестиции и подобро поврзување меѓу Македонија и Чешка е пораката која вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја упати на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, што се одржува во Прага.
 
Тој истакна дека политичките односи меѓу двете држави се на добро ниво, но постојат можности на зголемување на економската и трговска соработка во сегменти на транспортот и инфраструктурата, енергетиката, земјоделието,  турзимот и културата и други сектори.
 
Во прoдолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:
 
“Денеска имаме еден вид на меѓувладина седница меѓу претставници на двете влади, на Владата на Македонија и Владата на Чешка, со присуство на повеќе сектори и повеќе министерства. Разговараме за економската и политичка соработка меѓу двете држави, добро е што има еден ваков Совет на високо ниво, кој разговара за економската соработка и се надевам дека ќе продолжиме и на средбите што ќе ги имаме во Скопје во текот на следните месеци. Секако, приоритет број еден е економската соработка, ги претставуваме можностите на Македонија во однос на директни странски инвестиции и можноста компании од Чешка да инвестираат во Македонија.
Исто така разговаравме за подобрување на поврзувањето на двете држави во однос на отворање на авионски линии, тука е секако изградбата на инфраструктурата, разговараме за можности чешки комании да се вклучат во инфраструктурните проекти во Македонија и македонски компании да дојдат тука во Чешка да работат.
Тука е соработката и во енергетиката која што е нов предизвик не само за нас тука за цела Европа и се надевам дека оваа добра политичка соработка која што постои меѓу двете држави ќе биде надрградена со една соодветна економска соработка.
Она што е особено значајно е што Чешка става на располагање еден голем фонд кој што е преку нивната државна инвестициска банка која што може да помогне разни компании кои би инвестирале во делот на нивни инвестиции во Македонија или во дел на нивна економска активност, така што се на се сметам дека посетата е успешна. Продолжуваме и во текот на денешниот ден, тука се претставници од многу министерства од Македонија и се надевам дека ќе имаме успешна и плодна работа денеска”- изјави вицепремиерот Николоски.   
 
Во рамки на работната посета на Прага,  денеска вицепремиерот Николоски оствари средбa и  со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република.
 
На средбата се разговараше за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу Македонија и Чешката Република во инфраструктурта и транспортот. Вицепремиерот уште еднаш ги потврди приоритетите на Владата за развој на авиосообраќајот и подготвеноста за поврзување на Скопје и Прага преку авиолинија како и можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид-Карлови Вати.
 
Изјава на вицепремиерот Николоски на следниот линк: https://www.facebook.com/share/v/1AGZiDcbz6/


За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube