НИКОЛОСКИ: ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ЗА ПОНИСКИ ЦЕНИ НА ГРАЃАНИТЕ
08.07.2024
Министерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека Владата сериозно ја разгледува можноста за воведување на трет мобилен оператор се со цел да се зголеми конкуренцијата на пазарот. Во продолжение пораката ја објавуваме интегрално:
Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР
Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол.
Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги.
Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР.
Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар.