Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Одржан прв Македонски конгрес за патишта
07.11.2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска се обрати и го прогласи за отворен Првиот македонски конгрес за патишта кој денеска и утре се одржува во Скопје.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека развиеноста и квалитетната патна инфраструктура се клучни фактори кои пресудно влијаат на економскиот развој и на компетитивноста на економијата на секоја земја, и дека секое искуство и знаење како до поквалитетни, безбедни и паметни патишта е добредојдено.

„Република Северна Македонија е земја во развој, и тој развој дефинитивно нема да биде можен без добра патна инфраструктура. Токму затоа, нашите политики имаат јасна цел, а тоа е создавање на квалитетна патна мрежа, подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани и на крај силен економски раст и развој на државата. Затоа поврзувањето преку добра, модерна и функционална патна инфраструктура е од исклучителна важност. Во таа насока верувам дека Првиот македонски конгрес за патишта ќе остави длабока трага затоа што е место за презентација и размена на искуства и технологии за изградба на современа патна инфраструктура, за квалитетно проектирање, изведба и надзор. Радува масовниот одзив за учество и присуство на конгресот со што се гарантира значен придонес за да бидеме рамо до рамо со модерниот свет“, нагласи премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, рече дека поддршката за организацијата на конгресот говори за решителноста на Владата на Северна Македонија максимално да се посвети на унапредување на патната мрежа низ целата држава, како израз на политиките за развивање хармонизиран транспортен сектор со Европскиот систем на транспортни мрежи.

„Република Северна Македонија има стратешка позиција на Балканот. Низ нејзе минуваат двата Европски коридори 8 и 10, што и овозможуваат значајна улога во креирање на економскиот раст на регионот. Ова за нас како ресорно министерство е од исклучително значење при спроведувањето на транспортните политики, кои во Националната транспортна стратегија за период 2018-2030 генерално се насочени кон изградба на патна инфраструктура по Европски стандарди, како дел од единствениот транспортен систем во регионот, кон подобрување на безбедноста во сообраќајот, за подобрување на одржливоста на животната средина, како и за воведување на интелегентниот транспортен систем“, рече министерот Сугарески.

Претседателот на организациониот одбор на првиот македонски конгрес за патишта, директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов, во своето обраќање нагласи дека на развојот на патната мрежа во Северна Македонија е во интеракција со патната мрежа во регионот, и од аспект на интеграцијата на земјата во ЕУ е еден од основните фактори за натамошен развој.

„Во нашата земја во тек е голем инвестициски циклус за развој на националната патна мрежа. Во тек е интензивна работа на изградба, реконструкција и рехабилитација во должина од околу 800 километри, како и санација и изградба на нови мостови. Оваа иницијатива освен што ќе ја докомплетира патната мрежа, туку овозможува и стекнување знаења и искуства во примената на новите технологии и материјали, се следат современите тенденции во безбедноста на патиштата и се учи на грешките од минатото“, истакна директорот на ЈП ДП Зоран Китанов.

Претседателот на Друштвото за патишта на Северна Македонија проф. д-р Горан Мијоски во своето обраќање за значењето на организацијата на Првиот македонски конгрес за патишта потенцираше дека тој има за цел да ги покаже инженерските искуства и да овозможи размена на знаењата со колегите од регионот за да се прифатат новите, европски напредни сознанија и тенденции во областа на изградба на патиштата.

Првиот македонски конгрес за патишта, на кој учествуваат 360 учесници, од кои 150 се од 15 европски земји и од светот, го поздравија и успешна работа му посакаа, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Градежниот факултет при УКИМ, проф. д-р Златко Србиноски, и проф. д-р Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери и претседател на Европската комора на инженери. 

Извор: Влада на РСМ

Видео: Прв Македонски конгрес за патишта



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube