Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Прилеп добива сигурно снабдување со електрична енергија за идните 20 години
12.12.2018

Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во наредните 20 години со модернизацијата на трансформаторската станица „Прилеп 1“ во која МЕПСО вложува 1,1 милиони евра. По тој повод денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“  договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“. 

На потпишувањето на договорот присуствуваше и Горан Сугарески, министерот за транспрот и врски, министерството кое што од Владата ја превзеде сопственоста врз МЕПСО, согласно со новиот Закон за енергетика и европските директиви.

Модернизацијата на трафостаницата вклучува промена со нова на високонапонска опрема што е во функција 40 години. Станува збор за вградување на нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори  и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов системи за мерење електрична енергија и  нов систем за релејна заштита. 

Министерот Сугарески потенцираше дека моденризацијата на оваа трафостаница е од огромно значење за Прилеп и околината, но и повик за сите инвеститори дека градот има квалитетна електроенергетска инфраструктура.

- Сакам да ги уверам сите заинтересирани инвеститори за овој регион дека ние сме подготвени да понудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија и да одговориме на нивните потреби. Овој менаџмент на МЕПСО започна инвестициски циклус од преку 26 милиони евра за модернизација на 10 трафостаници и изградба на 5 нови далекуводи. Сакам да изразам задоволство од нивото на инвестиции во преносната мрежа, рече Сугарески.

Директорот Василевски изјави дека Прилеп добива сигурно и стабилно снабдување со квалитетна електрична енергија за идните 20 години и додаде:
- МЕПСО за жителите и компании во Пелагонија сега вложува 6 милиони евра.Станува збор за три инвестиции во преносната мрежа во Пелагонија. Овде во оваа трафостаница вложуваме 1,1 милиони евра,  уште 1 милион евра сега вложуваме во трафостаницата „Битола 2“, а склучивме договор вреден 3,9 милиони евра за изградба на нов далекувод што ќе ќе поврзе оваа со трафостаницата „Битола 1“ , потенцираше Василевски, генералниот директор на МЕПСО по потпишувањето на договорот со „Кончар КЕТ“ и „Елтек“.

Модернизацијата на оваа трафостаница и на далекуводот што ги поврзува Прилеп и Битола ќе се реализира за година и половина, а модернизацијата на трафостаницата „Битола 2“ ќе биде готова за 2,5 години.

ТС Прилеп 1 претставува централна напојна точка за регионот на северна (горна) Пелагонија и регионот на Мариово. Истата е поврзана на електропреносниот систем преку 110 киловолтни  далекуводи  со трафостаници во Битола и во Кавадарци, а со неа се поврзани и три трафостаници на дистрибутивниот систем преку кој се напојува со електрична енергија градот Прилеп, неговата околина и Мариово.

Извор: МЕПСО



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube