Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска беше во работна посета во ОпштинаТетово и изврши увид во реконструкција на улицата улицата Браќа Миладиновци.
Проектот се реализира преку министерството за транспорт и врски, преку проектот за поврзување на локални патишта во оппштинита, со вкупна вредност од 70 милиони евра.
‘‘Реконструкцијата на патот во должина од 1 километар е одраз на стратешката определба за инвестиции во локалната инфраструктура и промовирајќи силна локална инфраструктура која одговара на развојните потреби на нашите граѓани.
Ова не само што ја симболизира посветеноста на нашата влада за подобрување на инфраструктурата, туку ја нагласува и нашата политичка визија за стимулирање на економскиот раст и зајакнување на довербата на нашите граѓани во одговорното владеење. Рехабилитацијата се одвива со сериозно темпо и очекуваме што поскоро да заврши‘‘ изјави заменик министерот за траснпорт и врски Беким Реџепи.
Преку Министерството за транспорт и врски продолжуваме да им помагаме на сите општини, да даваме силна поддршка за реализација на вакви проекти кои го подобруваат животот на граѓаните, потенцира Реџепи. Тој додаде дека проектот за рехабилитација на локалните патишта ги дава вистинските резултати во сите општини низ државата.