Согласно Закон за превоз во патниот сообраќај и Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Министертвото за транспорт и врски закажува датуми за полагање на:
Испитoт за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај кој ќе се одржи на 25.01.2024 година од 08:30/16:00 часот, на 26.01.2024 година од 08:30/16:00 часот.
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава на кандидатот до архивата на Mинистерството за транспорт и врски, и тоа за првите два испита најдоцна пет дена, а за испитот за возачи и советници за превоз на опасни материи најдоцна три работни дена пред датумот на кој е закажан испитот, а потоа Mинистерството за транспорт и врски електронски го пријавува кандидатот во електронскиот систем за полагање.
Испитите ќе се одржат во простории кои се наоѓаат во Академија за судии и јавни обвинители - Скопје.