Средба Бочварски – Дрекслер: Ја зголемуваме економската соработка меѓу двете земји
15.01.2024
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Н.Е. Петра Дрекслер.
Министерот Бочварски информираше за силниот инвестициски циклус во инфрастурктурата со посебен осврт на проектите во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.
Тој на средбата истакна дека и Северна Македонија го либерализираше железничкиот пазар, процес нотиран од страна на Европската Комисија.
Исто така на средбата се разговараше и за добрата поврзаност со Германија во делот на авиосообраќајот.
„Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и таа несомнено треба да продолжи во сите области кои се од заемен интерес. Северна Македонија е посветена на евроинтеграциите, а поддршката од Германија е повеќе од добредојдена. Имаме одлични релации во авиосообраќајот и во делот на патниот транспорт, каде минатата година го зголемивме контингентот на дозволи за македонските транспортери и тоа во делот на билатералните дозволи, транзитните дозволи и за и од трети земји.“ истакна министерот Бочварски.
На средбата министерот Бочварски се заблагодари за силната поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.