Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Средба Николоски – Јанош Лазар во Будимпешта: На Македонија и се потребни пријатели како Унгарија. Ја унапредуваме соработка за забрзан развој и стабилност во регионот
04.03.2025
Македонија и Унгарија се пријателски земји со одлични економски и политички односи и во духот на ова пријателство ја продолжуваме досeгашната соработка. Поддршката од Унгарија е значајна и за патот кон Европската Унија и верувам дека оваа наша соработка ќе биде добробит за македонскиот народ, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транпорт, Александар Николоски придружуван од министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска, на денешната билатерална средба со својот колега, министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.
 
Средбата е дел од дводневната владина посета на Унгарија и одржување на македонско-унгарскиот самит. Во фокусот на средбата беа економските политики и инфраструктурниот развој на регионот.
 
Македонија има силни инвестициони планови во модернизација на транспортната мрежа и во таа насока се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат конкурентноста на транспортот во регионот посебно на европските коридори, истакна вицепремиерот Николоски.
 
Тој потенцриаше дека Македонија е силно посветена на изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта и затоа огромна е важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект.
 
Исто така на средбата министрите разговараа и за можноста за реализација на заеднички проекти од регионален интерес, зголемување на трговската соработка и инвестициите.
 
Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.
 
На средбата беа разменети мислења и ставови во делот на зголемување на билатералните и мултилатерални односи и стабилностa во регионот. Вицепрмеиерот Николоски изрази огромна благодарност за несебичноста на унгарската влада во подршката што ја овозможуваат за економско зајакнување на Македонија и за процесот на евроинтегративните процеси на земјата.
 
Тој исткана дека Македонија е силно посветена на европерспективите преку реформирање на значајни сегменти во судството, борбата против криминалот и корупцијата.
 
 “ Овие средби со нашите унгарски пријатели ќе донесат големи придобивки за Македонија и регионот. И веќе македонските граѓани ги чуствуваат тие придобивки. Алоциравме 100 милиони евра кон општините за нивeн развој токму преку финансиската подршка од Унгарија, а оваа година веќе 250 милиони евра се ставени на располагање исто така за проекти во општините. Имаме одлични економски и билатерални односи со Унгарија, оваа година бележиме три децении од тие односи и сметам дека тоа е плод на заедничките политики. Ова е време кога се потребни силни пријатели, а Унгарија е силен партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата“- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
 
На средбата двете страни изразија задоволство од досегашата соработка, потенцирајќи дека унапредувањето на односите меѓу двете земји е активност на која ќе работат и двете влади.
 


За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube