Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Со изградба на канализациона мрежа во Брвеница решаваме клучно прашање на 4 000 жители
24.10.2019

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески беше во работна посета на општина Брвеница, каде изврши увид во изградбата на канализациона мрежа и колектор за отпадни води.

Проектот е со вредност 325 илјади евра, се реализира преку Министерството за транспорт и врски и опфаќа изградба на канализациона мрежа со должина од 4,4 километри и изградна на колектор за отпадни води.

„Овој проект е од огромно значење за околу 4000 жители на населените места Брвеница и Долно Седларце. Со негова реализација, покрај подобрувањето на квалитетот на граѓаните, истовремено придонесуваме и за заштита на животната средина, на што како Влада посветуваме особено внимание. Министерството за транспорт и врски овозможува голема поддршка на општините за реализација на комунални проекти. Преку изградба и реконструкција на водоводи и канализации имаме за цел да го подигнеме квалитетот на живот на сите граѓани. Во таа насока, само во овој момент работиме на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, а исто толку веќе се подготвуваат и за следната година“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити истакна дека изградбата на канализациона мрежа и колекторот за отпадни води се од круцијално значење за жителите на Брвеница и нагласи дека веќе од утре ќе бидат ставени во функција.

Министерот Сугарески информираше и за проектот за подобрување на локалните патишта и истакна дека од следниот месец вкупно 70 милиони евра наменети за изградба и санација на локални патишта и улици ќе бидат достапни за општините. Министерот испрати апел до сите локални самоуправи да подготват проекти и да ги достават до Министерството за транспорт и врски, со цел веднаш да се тендерираат и со самиот почеток на следната година да започне нивната реализација.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube