Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески во Брисел побара поддршка од еу за реализација на инфраструктурните проекти
10.12.2018

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствува на вториот Министерски совет на ЕУ за Западен Балкан што се оддржува во Брисел во рамки на Договорот за основање на Транспортната заедница. 

Во своето обраќање пред присутните, министерот Сугарески ја потенцираше важноста од примената на Договорот за основање на транспортна заедница,  како основа за поврзување на Европската Унија и земјите од Западен Балкан а кој Договор ево насока на економска соработка и интеграција на транспортниот сектор на земјите од регионот во оној на Унијата.

“Најпрво сакам да потенцирам дека Договорот е во согласност со започнатиот процес на интеграција на Република Македонија и нашите аспирации за членство во Унијата. Верувам дека овој Договор ќе донесе нов квалитет и ќе ги забрза секторските реформи, а на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на транспортните услугите како за корисниците, така и за компаниите во секторот. Отворањето на пазарите ќе доведе до зајакнување на конкуренцијата, подобрено секторско управување, побезбедни операции и повисоко ниво на заеднички технички стандарди што конечно треба да доведе до интегрирање во заедничкиот европски пазар”, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Како посебен сегмент на кој се посветува големо внимание е безбедноста на патиштата, потенцираше министерот Сугарески. Тој пред Министерите, ги презентираше проектите кој ги работи Министерството за транспорт и врски во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

“Безбедноста на патиштата е еден од поголемите предизвици со кои се соочува Република Македонија, но и регионот во целина. Владата на Република Македонија интензивно работи и на формирање извршно тело за управување со безбедноста на сообраќајот на патиштата и во наредниот период ќе следи дефинирање на начинот на негово функционирање, финансирање и одредување на законската регулатива”, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески посебен осврт даде на инфраструктурните проекти што се реализираат на Пан Европските Коридори 8 и 10, како заложба на Владата на Република Македонија за зајакнување на економската позиција преку инвестирање во транспортната инфраструктура.

Притоа, тој ја побара поддршката од Европската Унија за финансирање на таквите проекти како предуслов за подобра кохезија со земјите од регионот и Европската Унија, а во насока на постигнување на европските стандарди до 2030 година.

“Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски достави Апликација за инвестициски грант во износ од 5.136.000 евра за изградба на заедничката станица со Република Србија. Искрено, се надевам дека Апликацијата ќе биде одобрена од страна на Управниот Комитет на ВБИФ, по што ќе започнат постапките за избор на изведувач и надзорен инжењер. Соглано планот за набавки, се предвидува градежните работи да започнат до средината на 2020 година”, потенцираше министерот Сугарески.

Во рамки на Самитот, министерот Сугарески оставри и средба со Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц,  на која средба се разговарше за поддршката на ЕУ за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија.

Покрај министерот Сугарески, на Самитот присуствуваат и министерите за транспорт и инфраструктура на земјите од Западен Балкан



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube